Украинската пејачка Руслана Степанивна Лижичко, им се обрати на фановите преку социјалните мрежи и ја повика Европа да се вклучи во борбата против терористите на Путин.
„Ние Украинците никогаш нема да се откажеме. Сите сме во опасност, не само Украинците. Знаете ли што значи тоа? Јас не разбирам зошто руската и белоруската војска не нападна? Морате да сватите дека Путин е многу опасен терорист за сите луѓе на светот. Реагирајте пред да биде доцна“, рече Руслана.
Таа рече дека очајно се обидува да ѝ помогне на својата држава, војска и население и ги користи сите можни начини за да ја спречи војната.
View this post on Instagram
„Како амбасадор на мојата држава, како победничка на Евровизија, сега зборувам во името на целиот мој народ. Бараме од претседателот Џо Бајден и главниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да го заштитат нашето небо. Украинската војска ќе ја штити Европа, ако вие не штитите нас. Донесете одлука поради безбедноста на целиот свет“, порача Руслана.
Голем број Украинци бараат заштита од небото, како би можеле да се борат против руската војска на земја, пренесуваат тамошните медиуми.
Руслана уште од почетокот на војната објави апел за помош на Украина. Таа е политички активна веќе со години, а на социјалните мрежи ја следат преку 32.000 фанови.
За потсетување, Руслана победи на World music award и беше номинирана на MTV Музичките награди, а најмногу е позната како победничка на Евросонг во 2004 година со песната „Див танц“.