Актерот Џош Хартнет и неговата девојка, актерката Тамсин Егертон се венчале во тајност на крајот на минатата година. Тие се венчале во ноември во градското собрание на лондонскиот кварт Мерилебон, пишува британски Sun.
„Заљубени се како од првиот ден, а сакаа и официјално да го потврдат тоа, но во тајност. Со нив беа само најблиските пријатели и семејството“, рече извор за „Сан“.
Џош минатата недела рече дека семејството му било на прво место, а моментот кога станал татко се чувствувал како најгордиот човек на светот.
„Имам три деца и прекрасен однос со мојата партнерка. Семејниот живот ми е сјаен, но и понатаму стигнувам да работам. Колку сум постар добивам поинтересни улоги“, рече Хартнет.
За потсетување, двајцата се запознаа додека го снимаа филмот „Љубовници“ во 2010 година. Две години подоцна го снимаа и филмот Singularity. Во 2015 година добија ќерка, а од тогаш двајцата умешно се кријат од јавноста. Ретко кој ги знае и имињата и полот на нивните две помали деца.