Компаниите „Мекдоналдс“ и „Старбакс“ привремено затворија стотини објекти во Русија, а „Кока-Кола“ и „Пепси“ се меѓу западните компании кои одлучија да го суспендираат своето работење во Русија откако почна воената интервенција во Украина.
„Пепси“, производителот на безалкохолни пијалаци и грицки, го суспендираше комплетно своето огласување и маркетинг во Русија и ја прекина целата продажба на своите безалкохолни пијалаци. Истото го направи и нејзиниот конкурент „Кока-Кола“, од каде соопштија дека целосно ќе го прекинат своето работење во Русија.
Американскиот синџир на ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ соопшти дека привремено ќе ги затвори сите свои 850 ресторани во Русија, како одговор на руската воена операција во Укаина, пренесе „Ројтерс“.
Како што е наведено во соопштението, тие ќе продолжат да им даваат плати на своите 62.000 вработени во Русија, за кои како велат ги дале своето срце и душа за брендот „Мекдоналдс“, пренесе агенцијата „Асошиетед Прес“.
Компанијата „Старбакс“ објави исто така дека ќе ги прекине сите активности во Русија, пренесе претходно „Ројтерс“. Од компанијата соопштија дека ќе им дадат поддршка на речиси 2000 партнери кои ги имаат во Русија, а кои зависат од „Старбакс“.
McDonald’s, PepsiCo, Coca-Cola and Starbucks stopped sales of their best-known products in Russia, offering a united rebuke of the war on Ukraine by companies that define America for much of the world https://t.co/AF5VB8s7Y5 pic.twitter.com/DIBBUVeVMt
— Reuters (@Reuters) March 9, 2022