Познатиот шампањ „Моет“ е итно повлечен од продажба поради сомнеж дека во него има екстази

Популарниот шампањ од брендот Moet & Chandon Imperial Ice е повлечен од продажба поради сомнеж дека бил контаминиран со потенцијална смртоносна доза од супстанцата класа А MDMA, исто така позната како екстаза. Неделава едно лице починало откако го пробало овој шампањ.

Од организацијата за безбедност на храна рекоа дека имало низа на извештаи за труење со екстази меѓу луѓето, кои минатиот месец испиле едно шише од овој шампањ. Медиумите пренесоа дека минатиот месец 11 лица тешко се разболеле откако пиеле од овој шампањ.

Еден маж од Германија починал од последица на консумирање на истиот. Се случиле и неколку други инциденти поврзани со трилитарските магнум шишиња во Германија и Холандија. Сите кои пробале од овој шампањ рекле дека се чувствуваат лошо.

„Тајмс“ пренесе дека 52 годишниот Хералд Џорџ починал откако испил една чаша шампањ додека вечерал во ресторанот во регионот Горна Палатината во Германија во регионот Баварија.

Според тамошните власти, шишето од кое мажот пиел содржело дури 100 грама MDMA. Во просек, една таблета екстаза содржи 75 до 100 милиграми, што значи дека во шишето имало приближно 1000 пати повеќе од она што некои рекреативни корисници би можеле да го сметаат за безбеден.

Осум други гости исто така се затруле за време на вечерата, која била организирана по повод прослава на појавување на еден нивни пријател во телевизиска емисија. Уште една теорија е дека шишињата со шампањ претходно биле испразнето и дека во нив било турено чиста течна екстаза.

 

 

 

 

Scroll to Top