Биографката на кралското британско семејство, Ангела Левин во саботата пред новинарите рече дека принцот Хари ја уценувал и омаловажувал кралицата Елизабета Втора со тоа што објавил дека ќе ја пропушти комеморацијата на нејзиниот покеон сопруг и негов дедо.
Таа објасни дека сето ова се случува заради и во време на правниот спор кој тој го води околу прашањето за неговата безбедност и заштита за време на неговиот престој во Британија.
Портпаролот на Хари потврди дека принцот ќе ја прескокне комеморацијата која ќе се одржи на 29 март во Вестминстерската опатија и дека ќе присуствува на игрите Invictus, кои ќе се одржат во Холандија две недели подоцна.
Тој не кажа зошто Хари ќе ја пропушти комеморацијата, но рече дека се надева дека наскоро ќе ја посети неговата баба, кралицата Елизабета.
Медиумите пренесоа дека Хари снима документарен филм за Invictus Games како дел од милионскиот договор со Нетфликс.