Кралската биографка го обвини Хари дека ја уценувал и омаловажувал кралицата

Биографката на кралското британско семејство, Ангела Левин во саботата пред новинарите рече дека принцот Хари ја уценувал и омаловажувал кралицата Елизабета Втора со тоа што објавил дека ќе ја пропушти комеморацијата на нејзиниот покеон сопруг и негов дедо.

Таа објасни дека сето ова се случува заради и во време на правниот спор кој тој го води околу прашањето за неговата безбедност и заштита за време на неговиот престој во Британија.

Левин го обвини Хари и дека го уценувал кралското семејство кога станувало збор за комеморацијата на неговиот дедо, принцот Филип. Тој барал заштита откако британската влада одлучи да му ја ускрати кралската заштита за време на неговиот престој во Обединетото Кралство.

Биографката смета дека со неговото однесување тој го омаловажува војводата од Единбург, принцот Филип и ја омаловажува и кралицата, пренесоа британските медиуми.

Портпаролот на Хари потврди дека принцот ќе ја прескокне комеморацијата која ќе се одржи на 29 март во Вестминстерската опатија и дека ќе присуствува на игрите Invictus, кои ќе се одржат во Холандија две недели подоцна.

Тој не кажа зошто Хари ќе ја пропушти комеморацијата, но рече дека се надева дека наскоро ќе ја посети неговата баба, кралицата Елизабета.

Медиумите пренесоа дека Хари снима документарен филм за Invictus Games како дел од милионскиот договор со Нетфликс.

За потсетување, принцот Филип почина во април минатата година, само неколку недели пред неговиот 100-ти роденден. Неговиот погреб се одржа во согласност под строги рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирус. Присуствуваа само 30 луѓе, меѓу кои и Хари.

Scroll to Top