„Инстаграм“ му го суспендира профилот на Канје Вест поради расистички навреди

„Инстаграм“ му го суспендираше профилот на американскиот рапер Кание Вест, заради раститички навреди кон водителката на The Daily Showa Тревор Ноах. Тој испрати расистички навреди кон nea откако таа во нејзината емисија зборуваше за кавгатa со Пит Дејвидсон.

Сепак се чини дека на Вест не му пречи суспензијата од „Инстаграм“, откако во средата беше виден како се забавува во друштво со неговиот шестгодишен син Саинт на кошаркарски натпревар во Сан Франциско.

Според портпаролот на компанијата „Мета“, „Инстаграм“ прво му ја избришала содржината која претставувало кршење на политиката за говор на омраза, злоставување и вознемирување. Како резултат на тоа раперот нема да може да коментира и да испраќа пораки во период од 24 часа.

„Политиката на Мета е да ги ограничи профилите кои во повеќе наврати ги прекршуваат правилата на платформата и да превземе дополнителни мерки доколку и во иднина истите се прекршуваат“, рекоа од компанијата, а пренесе Daily Mail.

Кание и Дејвидсон веќе одамна се препукуваат на социјалните мрежи откако Ким Кардашијан се разведе од раперот. Кание од љубомора почна да го навредува новото момче на Ким, Пит, а го навредуваше и во стиховите во неговата најнова песна Eazy.

Во спотот Вест го киднапира Дејвидсон, кој го нарекува со погрдно име Skete и го закопува жив.

„Навистина сум загрижен дека Skete ќе ја навлече мајката на моите деца на дрога. Па тој оди на рехаблитација на секој два месеци“, рекол Кание.

Пит му врати дека повеќе нема да молчи и дека ова што го прави Кание ќе остави долгорочни последици не само по него и Ким, туку и по нивните деца. За потсетување, Ким побара развод од Кание во февруари минатата година, а од 2 март и официјално се разведе.

 

 

Scroll to Top