Раперката Карди Б ја објави првата фотографија од нејзиниот син кој го доби пред седум месеци со нејзиниот сопруг Офсет. Таа објави дека синот го крстиле Вејв Сет Цефус.
Карди и Офсет веќе имаат едно дете, ќерката Култура, која наполни три години. Карди рече дека сака да ги облекува децата во модерни комбинации и често им купува и скапи накити. Вејв на фотографијата носел крзнена јакна со сина капа, а на вратот голем дијамантски ѓердан.
За потсетување, за Офсет ова е петто дете. Тој веќе ги има Џордан, Коди и Калеи, кои ги добил со три различни жени.
View this post on Instagram