Викаше и плукаше по мене, поранешна асистентка на Џони Деп сведочеше против Амбер Херд

Поранешната асистентка на Џони Деп, Кејт Џејмс сведочеше против Амбер Херд во спорот за семејно насилство, вреден 100 милиони долари. Деп неговата бивша за писмото кое таа го испратила до „Вашингтон пост“ во кое пишува како глумецот ја тепал и малтретирал.

Џејмс која работела како лична асистентка на Деп, во периодот меѓу 2012 и 2015 година, сега пред судот признала дека низ целиот тој период морала да се носи со хистеричните испади на Херд.

„Еднаш стана од стол и ме плукна. Плукаше по мене додека ми викаше, како сум се осмелувала да барам толкава плата“, рече Џејмс пред судот.

Таа додаде дека еднаш Амбер и се дерела затоа што оставила некои списание на место на кое не требала. Џејмс за Деп пак имаше само убави зборови и комплименти. Таа објасни дека глумецот кон неа се однесувал како вистински господин од југот.

„Деп беше тивок и смирен човек, како никогаш да не викал или бил непристоен кон некого“, додаде Џејмс, која објасни дека Амбер ја отпуштила без никаква претходна најава и дека можела да остане на улица затоа што имала хипотека. Рече декаи  продолжила да биде во контакт со Деп.

 

Scroll to Top