Жељко Јоксимовиќ наполни 50 години и прослави роденден во еден белградски ресторан. Како што пренесуваат српските медиуми, на забавата присутни биле Јована Николиќ, Марко Мишковиќ, Мелина Џиновиќ, Драган Белогрлиќ, Сузана Диниќ, Ксенија Милошевиќ.
Помеѓу гостите присутни биле и нивните деца, близначките Ана и Срна и синот Коста.
Тој рече дека 50 години за него се само бројка, а она што си го посакал е само здравје.
Јована била облечена во кус црвен фустан, со бело сако, а Жељко бил облечен во елегантно-спортска црно-бела комбинација.
Организацијата за роденденската забава ја направила неговата сопруга Јована, иако Жељко не сакал да слави роденден, но таа инсистирала јубилејната 50. да биде прославена.