Феноменална увертира пред големото финале на „Србија Опен“ се случи за големиот празник Велигден. Новак Ѓоковиќ и Русинот Андреј Рубљов наместо со фрлање паричка, се кршеа со јајца за да одлучат кој прв ќе сервира.
Рубљов беше подобар, а на крајот го победи најдобриот тенисер во светот во три сета со 6:2/6:7(4)/6:0. Ѓоковиќ повторно не успеа да ја одбрани титулата и покажа дека е во лоша форма пред гренд слем турнирот на Ролан Гарос во Париз.
Unconventional coin toss. Knocking eggs 🐣 in traditional Easter Orthodox ritual. #eastersunday #serbiaopen #djokovic #rublev pic.twitter.com/DNRTmSSH5B
— Rudi (@rudi_99) April 24, 2022