Никогаш немав желба за глума, ама немав пари: Џони Деп откри како Николас Кејџ му помогнал да стане актер

За време на судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Џони Деп откри бројни детали од неговиот живот, меѓу кои и како станал актер. Како што изјави за време на презентацијата, му помогнал пријател, познатиот актер Николас Кејџ.

„Случајно станав актер. Бев музичар и се преселив во Лос Анџелес со мојот бенд кога имав 20 години. Некои работи се случија и бендот се распадна. Се сеќавам кога пополнував апликации за каква било работа, само за да можам да ја платам киријата за станот и сметките, а мојот пријател кој беше актер, а во тоа време и помалку познат, Николас Кејџ, ми рече: „Зошто не го запознаеш мојот агент, бидејќи мислам дека си актер. Можеш да бидеш актер“. Му реков, „Слушај, ќе запознаам кој било и ќе направам што било во моментов“. – рече Џони и продолжи:

Кејџ ме испрати кај неговата агентка Ајлин Фелдман и ја запознав. Таа ме испрати кај директорката на кастингот Анет Бенсон, која го направи кастингот за филмот „A Nightmare on Elm Street“. Му ја прочитав мојата улога на режисерот Вес Крејвен и некако ја добив улогата, но во никој случај не бев актер – рече  Деп.

Понатаму вели : “Никогаш немав желба да станам актер, бев музичар, но факт беше дека овие луѓе ќе ме платат за нешто што мислев дека е луда сума на пари. Тоа беше минимум 1284 долари неделно, сума на пари каква што тогаш не сум видел во мојот живот . Снимав и други глупави филмови, затоа што сè уште бев музичар во мојата глава и тоа беше начинот на кој се плаќа киријата за станот, за плаќање сметки, за живот. И тогаш одеднаш се најдов на тој пат, ме ставија на тој пат како актер. А потоа една работа доведе до друга, филм по филм, а потоа добив улога во серијата „21 Jump Street“ кога имав 22 години, мислам – изјави Деп

Scroll to Top