Легендарниот италијански фудбалер и некогашен играч на Рома, Франческо Тоти, сакаше да се тепа за време на еден пријателски фудбалски натпревар, на кој и тој играше. Тој влезе во конфликт и почна да го турка фудбалерот на Лацио Томас Амико.
На турнирот тимовите играа фудбал со по 8 фудбалери, а Тоти беше во неговиот „Тоти спортинг клуб“. Пријателскиот натпревар на крај заврши со победа на Лацио од 4:2 но она што остана забележано е кавгата меѓу него и Амико.
Тоти го истурка фудбалерот кој постигна хет-трик на овој натпревар. За среќа тензијата бргу попушти и натпреварот продолжи. За потсетување, Тоти играше 786 натпревари за Рома, постигна 307 гола и освои една титула од Серија А во 2001 година.
Scintille in campo durante la finale della ‘Supercoppa’ di calcio a 8 tra la Lazio e la ‘Totti Sporting Club’: attimi di tensione pic.twitter.com/qPInreG4Vg
— Ref Ref (@RefRef62623343) April 26, 2022