(Видео) Франческо Тоти сакаше да се тепа на фудбалски натпревар

Легендарниот италијански фудбалер и некогашен играч на Рома, Франческо Тоти, сакаше да се тепа за време на еден пријателски фудбалски натпревар, на кој и тој играше. Тој влезе во конфликт и почна да го турка фудбалерот на Лацио Томас Амико.

На турнирот тимовите играа фудбал со по 8 фудбалери, а Тоти беше во неговиот „Тоти спортинг клуб“. Пријателскиот натпревар на крај заврши со победа на Лацио од 4:2 но она што остана забележано е кавгата меѓу него и Амико.

Тоти го истурка фудбалерот кој постигна хет-трик на овој натпревар. За среќа тензијата бргу попушти и натпреварот продолжи. За потсетување, Тоти играше 786 натпревари за Рома, постигна 307 гола и освои една титула од Серија А во 2001 година.

Scroll to Top