Роза Изабела Сеспедес Калак успеала да се спаси во последен миг пред нејзиното семејство да ја закопа. Тие ја слушнале како почнала да тропа и сфатиле дека е жива.
Откако доживеала сообраќајка, лекарите потврдиле дека е мртва, пренесе „Мирор“. Роднините го носеле нејзиниот ковчег низ гробиштата, кога одеднаш ги слушнале звуците и тропањето од внатре. Откако го отвориле ковчегот, ја виделе Изабела жива.
Чуварот на гробиштата Хуан Сагундо Цајо рече дека таа ги отворила очите и дека се потела. Тој веднаш повикал полиција.