Американската политичарка Ерин Меј Квејд доби труднички болки додека држеше говор за време на конвенцијата на нејзината Демократска партија.
Иако во деветтиот месец од бременоста кандидатката за Сенатот на САД од американската сојузна држава Минесота почна да зборува пред стотина луѓе, тогаш почна да добива породилни болки.
„Значи, ја чувте веста дека имам болки, нели? Ова е наш миг и ја градиме нашата иднина заедно. Да ја отклучиме моќната политика за преобразба, што значи дека можеме да помогнеме да се постигнат безбедни и стабилни заедници, да создадеме економски можности. И просперитетот и да ги заштитиме нашите граѓански и човекови права. И да ја зајакнеме нашата човечка и јавна инфраструктура. Жал ми е“, рече таа додека правеше паузи поради контракциите.
По говорот, Квејд беше пренесена во болница, каде што роди девојче, Хариет Блејк Меј Квејд.