Бритни Спирс пак објави гола фотографија, овој пат од одмор во Мексико. Таа рече дека фотографијата ја направила пред да забремени и дека на неа изгледа 10 години помладо. Градите ги имаше покриено со раце, а меѓуножјето со срце.
„Еве фотографија од кога последен пат бев во Мексико, затоа што на одмор изгледам десет години помлада. Оваа фотографија е пред да дознаам дека во мене има бебе“, рече Биртни.
Нејзините фанови пак ја критикуваа и сметаат дека пејачката не се однесува нормално. Таа пречесто обајвува голи фотографии, а некои од фановите и порачаа да побара помош.
За потсетување, Бритни со години беше под старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс, а истото беше укинато минатата година. За време на тој период, пејачката не смееше да управува со нејзините пари, кариера ниту пак семејство. Таа беше приморана да пие и антибејби ппилули.
Неколку месеци откако старателството беше укинато, Бритни пак објави дека е бремена.
View this post on Instagram