Сопругата на Алек Болдвин, Хиларија го откри полот на бебето. Двојката го очекува седмото дете, а Хилари на „Инстаграм“ објави дека ќе добијат девојче.
„Отсекогаш ми беше забавно и смислено да го дознаам полот на моето бебе, но како растам и учам, сакам тоа да го направам малку поинаку. Што се однесува до нашето бебе, ќе го направам да биде сакано. Тоа е важно затоа што ќе се чувствува слободно и гордо“, рече Хиларија.
„Можеме само да ја охрабруваме, слушаме и да и споделиме некое искуство и да учиме од неа. Можеме да ѝ овозможиме подобар живот, но на нашето бебе е да се спознае самата себе си“, додаде Хиларија.
View this post on Instagram
„Охрабрување и совет за нашиот новодојденец. Чувствувам голема радост кога ги гледам овие деца, кои се исполнети со љубов и наједноставна, најљубезна мудрост“, додаде таа
За потсетување, Хиларија на почетокот на април рече дека го знае полот на бебето, но не сака да го открие поради родната неутралност и двата абортуса кои ги имала во 2019 година.