Потпечени тестенини со печурки

Потребно:

400гр тестенини
300гр шампињони
600мл млеко
200гр кашкавал
4 лажици пармезан
4 лажици маслиново масло
малку брашно за наросување
1 лажица сув зачин
1 лажица сенф
Црн бибер сол по вкус

Подготовка:

Тестенините сварете ги во солена вода и исцеете ги. Ставете ги во намастен огноотпорен сад. На маслиновото масло кусо продинствувајте ги печурките. Наросете малку брашно врз нив и измешајте. Полека додавајте го млекото со мешање, и оставете да се вари околу пет минути. Во сосот додадете го сувиот зачин, сенфот, солта, црниот бибер и изренданиот кашкавал. Се заедно нека се готви додека сосот не се згусне. Прелијте ги тестенините со сосот, ставете го одозгора пармезанот и ставете да се пече во загреана рерна додека да се запече, околу 15 минути.

Scroll to Top