(Галерија) Првата дама ги засука ракавите и правеше европски специјалитети

Првата дама Елизабета Ѓорѓиевска на социјалните мрежи сподели интересни фотографии од посетата на средното училиште „Лазар Танев“ каде што заедно со учениците готвеше рецепти од германската, холандската, италијанската и шведската кујна. Таа ги засука ракавите и заедно со нив спреми неколку специјалитети, типични за овие европски кујни.

„Заедно со вештите и талентирани ученици подготвивме рецепти од германската, холандската, италијанската и шведската кујна. Ова беше одлична можност да се запознаам со практичната работа на учениците и да ги слушнам нивните размислувања и планови. На денешниот настан, кој е во рамки на иницијативата за прославување на Денот на Европа, а присуствуваа и претставници на амбасадите на Германија, Холандија, Италија и Шведска“, напиша Ѓоргиевска на Фејсбук.

Не е првпат сопругата на претседателот да се вклучи во ваква активност. Таа преклани во охридското село Рамне замеси зелник во домот на семејството Ндановски, а често е дел од иницијативата „Ретвитни оброк“ каде што готви и пакува храна за бездомните лица.

 

Scroll to Top