Синот на актерката Тања Кочовска, Александар, стана татко. Неговата сопруга Моника се породи, а бебето го доби името Јоаким. Породувањето помина во најдобар ред, а мајката и бебето се добри. Радосната вест ја сподели Тања со откачени фотографии и во нејзин стил напиша: „Да бе, да, бабаааа. Предраг дедо. Јоаким се роди“.
За потсетување, Александар се ожени во април со својата девојка Моника Саздовска. Неколку месеци претходно тој ја побара за жена во ноќниот клуб „Сектор 909“, каде што и се запознале.
Александар е син од првиот брак на Тања Кочовска со актерот Владимир Ендровски-Љац. Од вториот брак со актерот Предраг Павловски ја има ќерката Нела.
А. Георгиев