Глумецот Антонио Бандерас во кревет со девојка му, прослави осум години врска. Тој е во врска со 24 години помладата банкарка Нокол Кимпел од Холандија, со која објави заеднички фотографии.
Двајцата се во кревет, облечени во бели наметки и опкружени со црвени балони. Тие се запознаа на филмскиот фестивал во Кан во 2014 година, кога глумецот се раздели од неговата втора сопруга Мелани Грифит со која беше 18 години во брак.
„Ќе ја сакам засекогаш“, рече Бандерас тогаш за Мелани, со која и понатаму остана во добри односи, а со која ја има и ќерката Стела.
За потсетување Никол во 2017 година му го спаси животот на Бандерас, кога ги почувствувала симптомите дека ќе добие срцев удар.
„Ја мачеше страшна главоболка, а затоа што немавме ништо во куќата, отиде да купи лек против болки или нешто слично. Единствено што најде било аспирин и тоа најсилниот, мислам дека беше од 5 милиграми. Следното утро почувствував силни симптоми. Нев свесен што се случува, а таа ми го стави аспиринот под јазикот и ми го спаси животот“, откри Бандерас во шоуто на Џими Кимел.