(Видео) Бившата на Џони Деп рече дека бил љубоморен и дека многу пиел

Поранешната девојка на Џони Деп, глумицата Елен Баркин сведочеше во судот во корист на неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Таа рече дека кратко време биле заедно и дека за тоа време Деп бил љубоморен, насилен и дека многу пиел.

Елен рече дека со Деп се запознале во 1990 година. Прво биле пријатели, а потоа почнале љубовна врска која траела од три до пет месеци. Таа тврди дека за тоа време Деп бил зависен од дрога и алкохол.

„Тој е само љубоморен човек кој сака да контролира. Ме прашуваше постојано, каде ќе одиш? Со кого ќе одиш? Што си правела синоќа? Еднаш се вратив со гребнатинка на грбот, а тој толку се налути и ме обвини дека сум имала секс со некој друг“, рече Баркин.

Таа додаде дека Деп често знаел да изгуби контрола и дека халуцинирал од големото количество на дрога и алкохол.
„Еднаш во Лос Анџелес се скаравме, а тој фрли со шише кон мене. За среќа не ме погоди, но имаше и други луѓе во собата“, рече Баркин.

 

 

Scroll to Top