Потребни состојки:
4 тортиљи
3 јајца
сол, бибер
100 гр шунка
120 гр кашкавал
1 домат
путер за намастување
Начин на подготовка:
Намачкајте ја тавата со путер. Посолете ги јајцата и додајте бибер по вкус, па изматете. Ставете половина од јајцата во тавата. Преку нив ставете ја првата тортиља, па наредете шунка и рендан кашкавал, а потоа пак тортиља, домат и кашкавал. Следи тортиља, шунка, кашкавал и четвртата тортиља одозгора. Одозгора наредете го преостанатото јајце, поклопете и ставете на рингла на ниска температура. По пет минути превртете ја на другата страна, повторно покријте ја и пржете уште пет минути. Послужете ги тортиљите топли.