Американската армија често има проблеми со непознати летечки објекти, а последен во низата вакви случаи е инцидентот што се случил на 6 ноември 2018 година.
Како што пренесува De Bief, американски воен пилот на хеликоптер AH-64 снимил ново видео во кое може да се забележи НЛО. На почетокот мислеле дека станува збор за три екстремно брзи авиони, но, по деталната анализа што ја направил пилотот на F-16, Крис Лехто, било забележано дека станува збор за неидентификувани летала.
„Дури и да беа оддалечени само еден километар, мислам дека тие авиони летаа побрзо од брзината на звукот. Ниту еден авион во нашата армија, вклучително и беспилотните летала, не може да изведува такви маневри“, рече Лехто, кој додаде дека трите објекти одеднаш почнале да се движат еден околу друг и меѓу нив се создавала невидлива оска.