Канје остана без уште еден адвокат кој работеше на разводот со Ким

Американскиот рапер Канје Вест остана без уште еден адвокат во својата бракоразводна парница со Ким Кардашијан. Како што пренесува Page Six, Саманта Спектор е четвртиот адвокат на Канје која си поднесе отказ од местото негов застапник.

Засега причината не е позната, освен она што го навела во документите, како непомирливиот распад во односот адвокат клиент.

Извор близок до Канје, за светските медиуми потврди дека раперот сака да направи нов официјален договор за старателство за неговите четири деца, осумгодишната Норт, шестгодишниот Сент, четиригодишната Чикаго и тригодишниот Псалм.

„Канје ѝ рече на неговата адвокатка дека сака нов договор за старателството со Ким. Во овој момент му е дозволено да ги гледа децата кога ќе посака, но во рамки на разумното. Канје смета дека не добива доволно време за да биде со нив и дека ако адвокатот не успее да се договори со Ким, ќе одел на суд“, рече изворот.

Засега случајот ќе го работи друг адвокат, кој работи и како државен адвокат во Пенсилванија, но не е специјализиран за разводи.

Славната бракоразводна адвокатка, која неодамна ја застапувала и Никол Јанг во разводот со доктор Дре, го презеде случајот во март, откако Вест претходно го отпушти Крис Мелчер затоа што нивната врска стана исклучително тешка, со малку комуникација.

Ким поднесе барање за развод од Вест во февруари 2021 година. Раскинувањето беше главна тема во првите неколку епизоди од новата емисија The Kardashians.

 

 

Scroll to Top