Кевин Спејси дојде на првото рочиште во Лондон по обвинението за сексуален напад врз тројца мажи

Американскиот актер Кевин Спејси доброволно се појави во судот во Велика Британија по четири обвиненија за сексуален напад врз тројца мажи.

Актерот се соочува и со петтото обвинение за поттикнување маж на продорен сексуален чин без согласност. Спејси дојде во суд во Лондон придружуван од правниот тим и двајца полицајци. Судот одлучи да го ослободи со кауција, без дополнителни услови. Денеска не беше побарано од него да се изјасни за виновен за наводните злосторства од 2005 до 2013 година.

На следното рочиште, закажано за на 14 јули, Спејси треба да се изјасни дали е виновен по обвиненијата, што е дел од подготовките за продолжението на судењето. Претходно изјави дека е убеден дека ќе ја докаже својата невиност.

Против Спејси беше поднесено обвинение откако лондонската полиција ги анализираше доказите по серијата жалби кои датираат меѓу 2005 и 2013 година. Првите две обвиненија се однесуваат на наводни сексуални напади врз маж, кој сега има 40 години, во Лондон во март 2005 година, додека втората наводна жртва, 30-годишен маж, се тврди дека бил нападнат во Лондон во август 2008 година. Сериозно обвинение за сексуален напад се однесува и на друга наводна жртва. Третата тужба се однесува на наводен напад на маж кој сега има триесет години во Глостершир во април 2013 година.




		
		
			
Scroll to Top