Диета од 21 ден: Јадете шест оброци на секои три часа

Како што советуваат нутриционистите, доколку сакате да ослабете, не е потребно да држите ригорозна диета, туку да ги промените навиките. Потребни се 21 ден за успешно да ги промените вашите животни навики. 

Диетата од 21 ден е со ограничени калории. Сè што треба да направите е да јадете шест мали оброци на секои три часа во текот на денот. Акцентот е ставен на непреработената целосна храна како што се протеини, витамини и минерали, а се намалува и внесот на јаглени хидрати. Дозволено е консумирање  слатки грицки. Како што јадете често, вашето тело ќе го забрза метаболизмот, а килограмите ќе се стопат дури и без вежбање. Секако, не треба да се избегнува редовната физичка активност, а резултатите ќе бидат уште подобри доколку во секојдневната рутина вклучите пешачење, возење велосипед, одење во вежбалница или некоја друга форма на вежбање. Основната идеја е да усвоите нови навики во исхраната и да се навикнете на поздрав начин на живот, кој на крајот ќе донесе видливи резултати во огледалото.

Пример за мени од 1200 до 1500 калории:
Појадок во 9 часот: 2 варени јајца, мала мафина од овес, банани и боровинки.
Ужина во 11 часот: 2 лажички путер од кикирики со 1 парче крекери од ориз.
Ручек во 13 часот: салата од 115 грама варено пилешко, 150 грама домати, 50 грама свежи пиперки, 100 грама зелена салата, лажици масло и оцет.
Ужина 2 во 15 часот: 12 бадеми.
Вечера во 18 часот: 150 грама мелено месо со печени тиквички, 1 овошје за десерт.
Ужина 3 во 20 часот: мала чинија пуканки.

Пример за мени од 1800 до 2100 калории:
Појадок во 9 часот: 100 грама овесна каша, 3 лажички путер од бадем, 200 грама свежи бобинки.
Ужина 1 во 11 часот: едно парче интегрален леб со четвртина авокадо и 50 грама чери домати.
Ручек во 13 часот: 230 грама мелено месо  од мисирка со 100 грама чери домати, 50 грама кромид, 50 грама зелка, 50 грама пиперки, лажица масло и оцет.
Ужина 2 во 15 часот: 1 краставица со 150 мл нискокалоричен грчки јогурт.
Вечера во 18 часот: 200 грама стек, 100 грама варени компири со една лажица маслиново масло, 150 грама варен грав и 50 грама печурки.
Ужина 3 во 20 часот: една банана со средна големина.




		
		
			
Scroll to Top