Потребни состојки: 3 кесички прашок за пудинг од ванила, 9 лажици шеќер, 1200 мл млеко, 300 грама бисквити, 200 грама путер за подмачкување на тавата, 100 грама кисела павлака, 4 банани и 300 мл хопла за шлаг.
Подготовка:
Соединете ги прашокот за пудинг и шеќерот и кратко промешајте. Одделете дел од млекото за да ставите во смесата со пудинг и шеќер. Остатокот од млекото се става да зоврие и кога ќе зоврие се трга на страна, се додава изматената смеса и се вари пудингот. Измешајте го исечениот путер во уште врелиот пудинг, а потоа додадете ја павлаката. Со прстите искршете ги бисквитите на ситни парчиња и истото додајте го во смесата и сè убаво измешајте. Плехот за печење премачкајте го со путер и прелијте половина од смесата во него. Излупете ја бананата и исечете ја на половина. Остатокот од смесата додадете го врз бананите и со лажица притиснете ја помеѓу бананите. Оставете го колачот во фрижидер да се излади, минимум два часа. По два часа изматете го шлагот, премачкајте смесата и повторно ставете во фрижидер добро да се излади пред послужување. Можете да го посипете колачот со какао во прав.