Констракта за време на настап во Загреб собра куп градници, кои беа фрлени од публиката на сцената.
„Собирам градници од сцена како Били Ајлиш“, напиша Констракта.
Пејачката и бендот „Земља грува“ одржаа двочасовен концерт во Загреб. Публиката со овации ја поздрави српската пејачка, а таа не ја пропушти можноста да ѝ се обрати на публиката и да се осврне на актуелните општествени прашања.
„Внимавајте што правите вечерва, денес имаме помалку права од претходно“, алудирајќи на неодамнешната одлука на Врховниот суд на САД за укинување на правото на абортус.