Српската пејачка Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан (Боба) Живоиновиќ имаат своја јахта, која според медиумите чини околу 6.000.000 евра.
Пејачката за медиумите откри дека јахтата има шест спални соби. Дневната соба е пространа, со голем телевизор и мермерна маса. Една од спалните има сопствена бања, а крпите во тоалетите се во нијанса на плочките.
„Тоа е убава јахта од 100 фита, со пет-шест спални соби. Имав една година пауза и одмор за да го проживеам она што навистина го посакував целиот живот – да пловам и да бидам на вода. Ги сакам морето и водата. И јас сакам јахти. Секако, не успеав да посетам сè што сакав“, изјавила Брена во едно интервју.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram