Полицијата го уапси Ахарон Браун откога упадна во домот на пејачката Аријана Гранде во Монтесито, пренесува Ти-ем-зи. Инцидентот се случил на 29. роденден на Гранде. Таа во моментот не била дома, но се активирал безбедносниот аларм по што пристигнала полицијата и го уапсила натрапникот. Браун лани ѝ се закануваше на Гранде дека ќе ја убие по што беше приведен и доби забрана да ѝ се приближува.
Тој веќе подолго време ја демне пејачката, а сега се соочува со обвиненија за следење, кражба, вознемирување и кршење на судската наредба за неприближување. Во моментот е во притвор.
И лани во септември Браун упадна во домот на Гранде во Лос Анџелес. Тогаш со себе имал голем ловечки нож и наводно им викал на членовите на нејзиното обезбедување дека ќе ги убие и нив и пејачката. Судијата тогаш му изрече забрана за приближување до Аријана.