Милијардерот и најбогат човек на светот, Илон Маск, објави фотографија на Твитер дека се сретнал со папата Франциско. Тој на средбата беше со своите деца
„Чест ми е што вчера се сретнав со папата Франциско“, напиша Илон Маск на Твитер.
Инаку, милијардерот со оvаа објава се врати на Твитер, при што неговите следбеници коментираа: „Добре дојде назад Илон. Ни недостигаш. Твитер стана досаден без тебе. Ти, твоите твитови и твоето присуство го прават Твитер возбудлив, забавен и едукативен“.
Honored to meet @Pontifex yesterday pic.twitter.com/sLZY8mAQtd
— Elon Musk (@elonmusk) July 2, 2022