Американскиот режисер Квентин Тарантино (59) доби второ дете со 20 години помладата сопруга, пејачката Даниела Пик (38). Таа викендот роди девојче, две години откако го роди нивниот син Лео.
„Даниела и Квентин Тарантино со задоволство соопштуваат дека Даниела на 2 јули го роди нивното девојче, помладата сестра на Лео, нивното прво дете“, изјави претставник на парот за магазинот „Пипл“.
Даниела е ќерка на израелскиот пејач и текстописец Звика Пик, а парот се запознал во 2009 година кога режисерот го претстави филмот Inglourious Basterds во Израел. Тие се свршијаво 2017 година, а се венчаа во ноември 2018 година во Лос Анџелес.