Едноставност и елеганција, Карла Бруни диктира мода среде Париз

Една од најинтригантните дами на денешницата, поранешниот супермодел и сопруга на Никола Саркози, поранешниот претседател на Франција, повторно воодушевува.

Како и секогаш, Карла Бруни уште еднаш покажа дека едноставноста и елеганцијата немаат цена.

Карла на престижниот настан Diner Da La Mode во Париз дојде во црн елегантен фустан со принт на луксузната модна куќа Saint Laurent.

Таа едноставноста ја надополни со впечатливиот златен накит, алки и прстени.

Да потсетиме, Бруни го запозна Саркози во 2007 година, а се венчаа само неколку месеци подоцна, кога беше финализиран неговиот развод со втората сопруга.

“Тоа беше љубов на прв поглед. Морам да кажам дека вечерата ја напуштивме заедно. Останатите гости беа изненадени, а се венчавме по три месеци”, рекла Карла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VS Street Style (@vsstreetstyle)

Scroll to Top