Кралското семејство е подготвено наскоро да замине на одмор. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам наводно решиле да заминат на егзотичниот, приватен остров Мустик, кој е дел од Гренадините, синџир на острови во Западна Индија.
Бидејќи кралската двојка имала само една желба, а тоа е нивниот годишен одмор да биде максимално приватен, и да немаат контакт со никого, не е чудно што го избрале токму овој остров.
„Таму ја имаат целата инфраструктура што им е потребна, имаат зона за забранети летови и ред други работи што им се потребни“, објаснила советничката на Вилијам, Ингрид.
Ова не е прв пат кралското семејство да оди на приватна егзотична дестинација. Во 2019 година тие уживаа на островот, во вила која чини неверојатни 27.000 фунти за изнајмување. Она што е интересно е што тоа беше првиот одмор на принцот Џорџ, каде што го прослави и својот 5-ти роденден.
View this post on Instagram
View this post on Instagram