Компанија од Колумбија побарала од таткото на Илон Маск да донира сперма за колумбијки од висок статус.
„Една компанија во Колумбија ми побара да дадам сперма за оплодување на Колумбијки од високото друштво. Тие велат: Зошто да одат кај Илон кога можат да одат кај вистинската личност што го создала Илон?“, изјавил Ерол.
Тој притоа додава дека не му биле понудени пари, но меѓу понудите било првокласно патување и сместување во хотел со пет ѕвезди.
Ерол, инаку, е татко на седум деца Илон, Кимбал, Тоска, близнаците Аша Роуз и Александра, Елиот и најновиот член на семејството, чие име не е откриено. Toj годинава откри дека пред три години добил второ бебе со неговата поќерка Хана Безуденхот.
Тој ја одгледал Хана, која е 41 година помлада од него. Таа имала четири години кога Ерол се оженил со нејзината мајка Хајде и со неа имал две деца, кои се, всушност, полубрат и полусестра на Хана.