Глумицата Ен Хеч која во петокот доживеа тешка сообраќајка, е под истрага за возење под дејство на алкохол или дрога. Хач минатата недела со Мини Купер удри во куќа во Лос Анџелес.
Во несреќата една жена изјавила дека е повредена и дека ѝ е потребна лекарска помош. Полицијата во Лос Анџелес сега истрагата ја пренасочи кон истражување на казнено дело.
До овој нов развој на настаните дојде во понеделникот, кога полицијата доби налог да ја тестираат нејзината крв и да утврдат дали била под влијание на дрога или алкохол за време на несреќата.
Полицијата смета дека Хеч била под влијание на некои вид на опијати кога со автомобилот се залетала и удрила во две различни градби. Одма потоа ѝ се запалил автомобилот, а таа се здобила со тешки изгореници.
„Утрово добивме информација дека налогот е добиен истиот ден кога се случила сообраќајката на 5 август. Налогот е за вадење на крв, а истрагата е во тек сѐ додека не стигнат лабораториските резултати. Ако се утврди дека била под влијание на некакви опијати, може да биде обвинета за прекршок бегство од местото на несреќата под влијание на алкохол. Досега не била уапсена“, рекоа од полицијата на Лос Анџелес за Page Six.
Лин Мишел, жената чиј дом во Лос Анџелес беше уништен кога Хеч удри во него и предизвика пожар, имала среќа што преживеала, но таа го изгуби целиот свој живот“, рекоа соседите.
Лин била во другиот дел од куќата кога глумицата удрила со колата.
Според очевидците, Хеч прво удрила во гаражата од блискиот стамбен комплекс, но продолжила да се движи, пред станарите да ѝ помогнат. Полициските службеници исто така потврдија дека удрила и во друго возило пред да удри во куќата на Мишел.
За потсетување, Хеч сѐ уште е во критична состојба. По несреќата се огласи и нејзината поранешна девојка, комичарката и водителка Елен Деџенерис, која ѝ посака сè најдобро и брзо опоравување.
„Не се слушам со неа. Не сме во контакт повеќе и не знам како е. Се разбира ѝ посакувам сè најдобро. Не сакам никој да биде повреден“, рече Деџенерис за Daily Mail.