Финската премиерка Сана Марин е снимена на домашна журка, а видеото за кратко време стана хит. Сана се забавува со пријателите и пее и игра на песната на финскиот рапер Петри Нигард и поп ѕвездата Анти Туиску, пренесе финскиот таблоид Iltalehti.
Засега новинарите не добија коментар од нејзиниот кабинет и оттука не можат да дознаат каде и кога е направено видеото. Марин е позната како жена која сака да излегува и да се забавува. Често е активна и на социјалните мрежи. Ја прогласија за најкул премиерка, а за видето призна дека кога го снимала имала испиено алкохол.
Нејзиниот начин и стил и начин на живот често е предмет на дебата во финската јавност. Додека едни тврдат дека таквото однесување не ѝ прилега на една прмерика, други ја поддржуваат како најкул полутичарка на светот.
Марин е најмладата претставничка на владата во историјата на Финска, а докажа дека е одлучна во борбата против короната и битката за рамноправност на половите.
Finland’s Prime Minister @MarinSanna is in the headlines after a video of her partying was leaked today.
She has previously been criticized for attending too many music festivals & spending too much on partying instead of ruling.
The critics say it’s not fitting for a PM. pic.twitter.com/FbOhdTeEGw
— Visegrád 24 (@visegrad24) August 17, 2022