Ексцентричниот син на Меџик Џонсон се појави на Миконос во златни бикини, соодветни панталони и високи потпетици.
Познато е дека Еј Џеј е трансродова личност, а за својата сексуалност зборувал на 13 години. Неговите родители го прифатиле таков каков што е, а познатиот кошаркар Меџик Џонсон често може да се види во друштво на неговиот син кој каде и да се појави носи фустани и екстравагантни комбинации.
Еј Џеј (30) имал само 13 години кога на својот татко му признал дека е геј. Познатиот кошаркар Меџик Џонсон признава дека му било потребно време да го прифати овој факт.
„Мое е да го сакам без разлика кој е и што прави“, рече Меџик.
Вистина е дека славниот кошаркар едно кажа пред камерите, а сосема друго пред својот син дома. Тешко му беше да прифати дека неговиот син носи момче во куќата. Ова го натера Еј Џеј, брзо да се здебели, па пред неколку години мораше да оди на операција за намалување на желудникот.
Еј Џеј пред неколку години беше ѕвезда на реално шоу во кое камерите го следеа. Денес модата е негова опсесија, и нема модна ревија на која не присуствувал.