Автомобил Пагани Зонда ХП Барчета вреден 15 милиони евра се судри со Форд Фиеста во Хрватска.
Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека ова е најспата сообраќајна несреќа во историјата.
На интернет се појави видео од моментот на судирот во кој скапиот автомобил има поголеми оштетувања од Форд Фиестата.
Инаку, автомобилот пагани зонда од овој тип вреди околу 15 милиони евра. Автомобилот во Загреб пристигнал како дел од ексклузивниот караван автомобили собрани во клубот Supercar Owner Circle.
Зонда ХП Барчека беше претставена во 2017 година, кога беше прославен 18-тиот роденден на моделската линија Зонда на Пагани и 60-тиот роденден на основачот на компанијата Хорацио Пагани.