Состојки: 1,5 кг шери домати, малку свеж рузмарин, 4 чешниња лук, босилек, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, зрна бибер, мешавина од суви зачини по вкус.
Состојки за преливот: 400 мл вода, 100 мл алкохолен оцет.
Подготовка: Во тенџере ставете вода и оцет и додадете зачини. Оставете ја водата да зоврие. Во тегли наредете ги доматите, лукот и рузмаринот. Потоа истурете го сварениот прелив. Пастеризирајте ги теглите.
Пастеризација: Ставете ги теглите во рерна 90 минути на 90 степени. После тоа, исклучете ја рерната и оставете ги преку ноќ.