Тепачка се случи викендов во новоотворен ресторан во местото Мионица во Србија. Лица од обезбедувањето на ресторанот се тепаат со гостите, кои кршат чаши и се качуваат на столици. Учествувале и младоженецот и татко му.
„Кога еден од гостите ја скрши чашата, обезбедувањето го опомена. Се качи и на столица па го однесоа во тоалетот, каде му удриа две шлаканици. Друг гостин се обиде да му помогне, а потоа сите се собраа во салата за венчавка пред тоалетот и настана гужва“, рече еден од сведоците.
Неколку сватови го нападнаа обезбедувањето кое го ангажира сопственикот на локалот. На крајот обезбедувањето побегна. Во тепачката се повредени седумина, а еден од гостите кои се здобил со тешки повреди завршил во болница.
Со полесни повреди се здобиле и младоженецот и татко му, како и двајцата од обезбедувањето. Во тек е истрага за целиот случај.