Обожавател на Били Ајлиш преку сајтот „Каросел“ пробал да продаде воздух што го собрал во ќесичка на концертот на пејачката во Сингапур, за повеќе од 10.000 долари.
Анонимниот обожавател го објавил огласот на сингапурски веб-сајт за купување и продавање нова и користена роба и ја опишал ќесичката со воздух како „многу раритетен предмет“ и ја проценил нејзината вредност на 15.000 сингапурски долари (10.670 долари). Тој ветил дека предметот ќе биде поставен во херметички затворена тегла за да се спречи истекување на содржината во текот на доставата.
„Стоев во првиот ред и успеав да го земам нејзиниот воздух додека врескаше со полни гради на концертот. Оние кои го пропуштија концертот мора да го купат ова. Многу посебен воздух“, стои во огласот.
Били е моментално на светска турнеја која ќе трае шест месеци.