Ромуалдо Македо Родригес (44) од Бразил кон крајот на јули отишол на риболов и со дрвен брод тргнал од Ојапок кон Илет ла Мер. Неговиот брод потонал, а Ромуалдо иако не знаел да плива, скокнал во празниот замрзнувач и поминал 11 дена во него, пловејќи без храна и вода. Откако бил пронајден и вратен на копно, Родригес завршил во затвор уште 16 дена, пренесува „Сан“.
Потсетувајќи се на спасувањето, тој вели дека слушнал бучава и брод се појавил над замрзнувачот. Рибарите кои го нашле во близина на брегот на Суринам, на 450 километри од местото каде што потонал неговиот брод, биле изненадени и почнале да го снимаат човекот кој плови сред Атлантикот во фрижидер.
„Мислеа дека нема никој внатре. Потоа полека се приближуваа. Видот ми се замати, а потоа реков: ‘Боже, брод’. Ги кренав рацете и повикав помош. Овој фрижидер беше Бог за мене. Чудо“, рекол Родригес, кој верува дека изгубил околу пет килограми за 11 дена додека се борел со големата жед.
O pescador Romualdo Macedo Rodrigues, de 44 anos, viveu um drama recente. Ele naufragou e ficou 11 dias à deriva no Oceano Atlântico boiando dentro de um freezer. Tudo terminou bem. Ele iria de Oiapoque para a Ilha dos Macacos, na Guiana Francesa. pic.twitter.com/alOcRhjxS6
— Amoreca Original (@alynekaiser) August 30, 2022
Рекол и дека мислел дека ќе го изедат ајкулите, но најмногу му пречела жедта. Бил дехидриран, дезориентиран и носел искината облека кога го спасиле. Доживеал сончев удар и ги молел своите спасувачи да се напие вода.
Но, кога рибарскиот брод стигнал до брегот, на Ромуалдо му била укажана прва помош, а потоа полицијата го уапсила бидејќи немал документи за да влезе во Суринам. Тој бил задржан во Парамарибо уште две недели.
„Беше многу слаб, исцрпен, но многу добро расположен. Раните кои ги имаше на телото, а кои беа поради сонцето, веќе беа многу подобри. Вели дека имал проблеми со видот поради преголемата топлина, но беше многу мирен и во добра здравствена состојба“, изјавил полицаецот Луис Карлос Порто.
По две недели поминати во затвор, бразилскиот рибар е вратен дома.