Кралскиот пчелар морал на пчелите да им ја соопшти веста дека кралицата е почината

Џон Чапл, човекот кој изминатите 15 години ги чувал пчелите на имотот на Бакингемската и Кристалната палата, морал да им пренесе дека кралицата Елизабета е почината, пренесе „Дејли Мејл“. Станува збор за древен монархистички протокол.

Се верувало дека доколку пчелите не бидат информирани за смртта на монархот, можеле да го напуштат живеалиштето, да престанат да произведуваат мед, или да угинат.

79 годишниот пчелар вели дека одел од кошница до кошница, тропал на секоја од нив и тивко да им ја соопштил тажната вест.

„Господарката е мртва, но не заминувајте. Новиот господар ќе ви биде добар господар“, им велел Чапл, кој потоа ги обвил сандаците со црн флор, па на тој начин изгледало како и пчелите покажуваат почит кон починатата кралица.

 

 

 

Scroll to Top