Хороскоп за 20 септември: неочекувана средба за Ракот, нова љубов за Лавот

Бик
Кога се среќавате со некој близок, слободно преземете иницијатива и дизајнирајте романтична забава за двајца. Имате интересни идеи и стимулативно делувате на околината. Не двоумете се пред добра можност. Во топ форма сте.

Близнаци
На средба со блиска личност, криењето на вистината само го одложува решавањето на заедничките проблеми. Постапувајте според вашата совест. Некој го критикува вашиот начин на работа или однесување. Нема причина да се оди против мислењето на мнозинството, бидете разумни. Слободното време посветете го на рекреација, опуштете се.

Рак
Ве очекува необична средба или ненадејна ситуација која позитивно влијае на односот со саканата личност. Некој има позитивно влијание врз вашето креативно изразување и деловна активност, потпирајте се на добра волја или договор за соработка. Во одлична психофизичка форма сте.

Лав
Расположени сте да запознаете личност која емотивно ве исполнува со убави мисли и пријатни чувства. Секогаш постои полесен и потежок пат до успехот, затоа прифатете ја идејата предложена од вашите колеги. Охрабрете го позитивното расположение и самодовербата.

Девица
Наречете ги работите со вистинско име пред блиските луѓе. Избегнувајте емотивни провокации кои можат да ве наведат да донесете погрешна одлука. Изгледате мудро кога се среќавате со колегите. Дозволете им на другите да зборуваат за вашиот успех или во ваша корист. Важно е да ги усогласите вашите мисли и чувства.

Вага
Бидете искрени со семејството и во друштво на личност која добро ги познава вашите „слабости“. Деловните дилеми можете да ги решите на позитивен начин, под услов да побарате нечиј совет. Положбата на Месечината ве поттикнува да бидете емоционално несигурни.

Шкорпија
Не дозволувајте некој да ве измами емотивно. Потребни ви се подобри критериуми при изборот на блиска компанија. Имате добри деловни идеи и предлагате корисни решенија, но еден од соработниците не сака да се потчини на вашето влијание. Обидете се да ја подобрите вашата концентрација.

Стрелец
Направете се што е потребно за да привлечете нечие внимание или да го зголемите вашето емоционално задоволство во вашата избрана компанија. Некој има позитивно влијание врз вашето креативно расположение и активности. Покажете дека има добра волја во вас. Во добра форма сте и позитивно влијаете на околината.

Јарец
Повеќе ве мачи еуфоријата на партнерот отколку личната несигурност или чувството на носталгија. Загрижени сте за нечии зборови и со добра причина. Се грижите да ставите сè под совршена контрола. Не оптоварувајте се со големи обврски.

Водолија
Нема потреба да се обидувате со нечие трпение или емоционална наклонетост. Не смислувајте „љубовни гатанки“ кои ја оптоваруваат вашата сакана. Добро сте расположени и верувате дека постои некој друг начин ефикасно да го постигнете она што другите не можат. Ќе почувствувате олеснување дури по искрен разговор со блиска личност.

Риба
Во дијалогот партнерот не сака лесно да се откаже од плановите што ги има. Но, некој мора прво да попушти. Бидете мудри. Состанокот со една личност ви делува интригантно, поради што не успевате да го скриете нерасположението и загриженоста. Уживајте во психофизичка релаксација.




		
		
			
Scroll to Top