Србија и Хрватска нема да носат капитенска лента со боите на виножитото на мундијалот

Лентата со боите на виножитото на Мундијалот во Катар, како дел од „Една љубов“ на Светската фудбалска федерација нема да ја носат капитените на  фудбалските репрезентации на Србија и Хрватска.

„Носењето на оваа лента ќе испрати јасна порака до светот“, изјавил капитенот на Англија, Хари Кејн, а пренесуваат британските медиуми.

Кампањата „Една љубов“ против дискриминацијата во фудбалот започна во Холандија, чија репрезентација игра во група со Катар, а осум од 13 европски селекции сакаат да носат лента со бои на виножитото. Тоа се Франција, Германија, Холандија, Швајцарија, Англија, Велс, Белгија и Данска.

Додека Србија, Хрватска, Португалија и Шпанија не учествуваа во кампањата, додека капитенот на Полска Роберт Левандовски ќе носи лента околу раката во боите на украинското знаме. Лентата во Варшава му ја врачи легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко.

 

 

Scroll to Top