Лентата со боите на виножитото на Мундијалот во Катар, како дел од „Една љубов“ на Светската фудбалска федерација нема да ја носат капитените на фудбалските репрезентации на Србија и Хрватска.
Harry Kane will wear a rainbow One Love armband at this year’s World Cup in Qatar in a stance against discrimination 🌈 pic.twitter.com/8K4h6cin1q
— ESPN UK (@ESPNUK) September 21, 2022
„Носењето на оваа лента ќе испрати јасна порака до светот“, изјавил капитенот на Англија, Хари Кејн, а пренесуваат британските медиуми.
Кампањата „Една љубов“ против дискриминацијата во фудбалот започна во Холандија, чија репрезентација игра во група со Катар, а осум од 13 европски селекции сакаат да носат лента со бои на виножитото. Тоа се Франција, Германија, Холандија, Швајцарија, Англија, Велс, Белгија и Данска.
Додека Србија, Хрватска, Португалија и Шпанија не учествуваа во кампањата, додека капитенот на Полска Роберт Левандовски ќе носи лента околу раката во боите на украинското знаме. Лентата во Варшава му ја врачи легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко.