Британскиот пејач Ед Ширан повторно заврши на суд за кражба на авторски права за песната Thinking out loud. Сојузниот суд на Менхетен пред неколку дена отвори правна постапка во која пејачот го обвинува дека користел туѓ труд за песната од 2014 година.
Случајот со повредата на авторските права е тежок 100 милиони долари, пренесоа светските медиуми. Судијата Луис Стантон, рече дека правилата не биле јасни и дека ќе биде потребна порота за да се реши проблемот.
„Не постои јасно правило дали комбинацијата на два елементи кои не можат да се заштитат е всушност оригинална. Делото може да биде заштитено со авторски права иако всушност е компилација од незаштитени елементи“, рече Стантон.
Датумот на судење сè уште не е одреден стои во објавата од судот. Проблемот меѓу Ширан и авторското право на покојниот контавтор на песната, Ед Таунсенд, првпат се појави во 2016 година. Семејството на Ед го тужеше Ширан, но по година дена случајот беше отфрлен.
Откако семејството Таунсенд продаде третина од својот удел во Let’s Get It On на Structured Asset Sales, организацијата повторно тужеше во 2018 година за 100 милиони долари.
Организацијата тврди дека во хит-синглот од албумот X на Ширан биле користени мелодични, хармонични, ритмички, инструментални и динамични елементи преземени од песната на Таунсенд.